Европскиот шампион му верува на тренерот

Актуелниот договор на Итудис завршуваше летово, но по освојувањето на титулата во Евролигата на фајнал фор турнирот во Виторија, Шпанија, соработката помеѓу грчкиот тренер и ЦСКА Москва продолжува. Итудис потпиша нов договор со кој останува на тренерската позиција со 2021 година.

– Благодарност до клубот, до претседателот Ватутин и сите кои сакаа да ја продолжиме соработката. Благодарен сум и на играчите за заеднички постигнатите резултати. Се радувам на продолжувањето на соработката со оваа одлична организација и сакаме во наредните сезони да продолжиме да освојуваме трофеи – изјави Итудис по потпишувањето на договорот.

Димитрис Итудис во ЦСКА Москва дојде во 2014 година и оттогаш не пропушти ниту еден фајнал фор турнир во Еврологата, а два пати и триумфираше (2016 и 2019).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот