Европскиот данок на јаглерод ќе ја оптовари српската економија

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Веќе во октомври Европската унија ќе почне да воведува данок на јаглерод за стоки чие производство испушта големо количество јаглерод диоксид. Во пракса тоа ќе значи дека европските увозници ќе го плаќаат пропишаниот данок при набавка на железо, алуминиум или ѓубрива од Србија.

Секако, трошокот ќе биде префрлен на српскиот извозник, па новата давачка многу ќе го оптоварува и српскиот производител.

Постепено зголемување на давачката Данокот барем на почетокот ќе се наметнува само на стоки чие производство испушта огромни количества ЦO2, односно железо, челик, алуминиум, цемент, пластика, вештачко ѓубриво, но и струја и водород. Србија е значителен производител на овие стоки, така што металната индустрија учествува со 13 отсто, пластиката со 11 отсто, минералите и ѓубривата со околу 6,5 отсто од вкупниот српски извоз, од кои најмалку една третина завршува во ЕУ.

Тој сегмент ќе се оданочува, првично со 26 евра за тон испуштен јаглерод диоксид. Надоместокот ќе се зголемува во фази за да достигне 80 евра во 2034 година, што го плаќаат европските фабрики со години.

Покрај борбата за здрава животна средина, воведувањето на данокот се оправдува и со спречување на евентуално преместување на производството од Унијата во земји кои немаат сличен товар, па нивните производители се во предност во однос на европските. Унијата има намера да ја спречи оваа нелојална конкуренција, пишува Каматица.

Точно, во првите три години специјална комисија од Брисел само ќе води евиденција колку јаглерод диоксид „има во душата“ секој увезен предмет. Ова им дава простор на производителите надвор од Унијата, кои извезуваат на Стариот континент, да ја подобрат технологијата, да ги намалат емисиите и на тој начин да избегнат дополнително оданочување. Се проценува дека меѓу шест и девет отсто од вкупниот српски извоз би биле оптоварени, додека расходите за новата давачка би изнесувале меѓу 60 и 90 милиони евра годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот