Европската комисија загрижена за изводливоста на преговорите за Брегзит

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изрази загриженост за изводливоста на преговорите за истапување на Обединетото Кралство од ЕУ до крајот на 2020 како што предвидуваат роковите.

Фон дер Лајен ова го изјави во интервју за француски економски весник. По победата на премиерот Борис Џонсон, договорот за истапување на Обединетото Кралство предвидува формално напуштање на Британците на 31 јануари 2020 година, но потоа следуваат клучните трговски преговори за идното партнерство меѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Според роковникот, спогодбата треба да биде финализирана до крајот на 2020, но Европската комисија е песимист дека е тоа изводливо.

– Многу сум загрижена што имаме малку време. Не станува збор само да се преговара за спогодба за слободна трговија, туку и бројни други теми. Ми се чини дека од двете страни треба да се запрашаме дали овие преговори се изводливи во толку краток рок, би било разумно кон средина на годината да размислиме и доколку биде потребно да се договориме за одлагање на транзицискиот период – изјави фон дер Лајен.

Џонсон и поддржувачите на Брегзит во Обединетото Кралство се противат на било какво ново одлагање. Британскиот премиер е исто така решен да одбие усогласување со пазарните норми на Европската Унија и сака да ја “врати контролата” врз законите и регулативите, што го отвора трнливото прашање на ирската граница.

Фон дер Лајен во интервјуто нагласува дека „ако сакаме да го уживаме просперитетот на заедничкиот пазар, да имаме пристап до него без бариери и царини, мораме сите да ги прифатиме неговите заеднички принципи и вредности.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот