Евролига: Кошмарна вечер за фаворитите, ЦСКА загуби од фенерџијата, Фенербахче прокоцна +22

Германските екипи Алба Берлин и Баерн Минхен го направија најголемото изненадување во наптреварите од четвртото коло од Евролигата победувајќи ги големите фаворити ЦСКА Москва, односно Фенербахче.

Алба која е последна на табелата среде Москва со 93:88 ја победи ЦСКА и го забележа првиот триумф во Евролигата оваа сезона.

На рускиот тим не му помогнаа ниту одличните Мајк Џејмс и Вил Клејбурн. Џејмс постигна 27 поени и шест асистенции, додека Клејбурн даде 25 поени, но проблем за рускиот тим беше тоа што ниту еден друг кошаркар не постигна двоцифрен број на поени.

Во редовите на Алба се истакна Симоне Фонтекио со 20 поени, а по 13 дадоа Маодо Ло и Маркус Ериксон, а 12 постигна Пејтон Силва.

Кошаркарите на Баерн Минхен успеаја да се вратат од негатива од 22 поени и на крајот да го совладаат Фенербахче на гости.
Турскиот тим првата четвртина ја доби со неберојатни 28:9, а потоа дојде и до 22 поени предност, но кошаркарите на Баерн со фантастична игра во второто полубреме успеаја да ја анулираат негативата и на крајот да слават со 75:71. Владимир Лучиќ со 18 поени и Џејлен Рејнолд со 17 поени беа најдобри во германскиот тим, додека кај Фенербахче Јан Весели уфрли 25 поени.
Трилер натпревар се играше и во Пиреја каде Олимпијакос со поените на Скоти Вилбекин во последната секунда од наптреварот го совлада Макаби Тел Авив со 85:82.


Резултати:
ЦСКА Москва – Алба 88:93
Фенербахче – Баерн 71:75
Олимпијакос – Макаби 85:82
Милано – Реал Мадрид 78:70
Басконија – Химки 77:60

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот