Евролига: Барселона во продолжението подобра од Панатинаикос

Шпанскиот тим во четвртото коло од Евролигата го совлада Панатинаикос со 97:89 по продолжението од пет минути.

Ова беше трета победа за Барселона сезонава и до неа дојде по продолжението од пет минути, додека грчкиот тим го забележа вториот пораз во три натпревари.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 75:75 и тоа откако на седум секунди до крајот Леонидас Каселакис ги реализира трите слободни фрлања.

Во продолжението од пет минути, одговорноста ја презедоа Калатес, Ханга и Дејвис и го однесоа својот тим до победата.

Најдобар во победничкиот тим беше Кори Хигинс со 24 поени и седум скокови, а 20 поени постигна Брендон Дејвис.

Литванскиот Жалгирис по четвртото коло остана единствен тим со максимален скор откако со 89:73 го победи Анадолу Ефес.
Хејс со 17 поени беше најпрецизен во победничкиот тим, додека Данстон кај Анадолу Ефес даде 20 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот