Евробарометар: Заштитата на климата претставува приоритет за 94 отсто од Европејците

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Климатските промени се најважниот аспект од животната средина за 53 отсто од испитаниците, а 46 отсто одговориле дека тоа е загадувањето.

Последната анкета на Евробарометар покажува дека за 94 отсто од европските граѓани, заштитата на климата претставува приоритет, 91 отсто сметаат дека климатските промени се “сериозен проблем”.

Европската комисија утре треба да го обелодени предлог-законодавството за климата познат како „Закон за климата”.

Резултатите од анкетата на јавното мислење во ЕУ покажува дека граѓаните бараат од европските и националните власти да сторат повеќе за заштита на животната средина .

Климатските промени се најважниот аспект од животната средина за 53 отсто од испитаниците, а 46 отсто одговориле дека тоа е загадувањето.

Околу 80 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека одговорноста пред сѐ лежи кај големите компании и индустријата кои не прават доволно да спречат климатски промени, додека 67 отсто сметаат дека граѓаните не се доволно активни на ова поле. А, 33 отсто сметаат дека треба да го смениме начинот на кој консумираме за да ја заштитиме животната средина, а 31 отсто оценуваат дека е потребна промена на начините на производство и трговија.

Над три четвртини изјавиле дека проблемите со животната средина имаат директни последици врз нивниот живот и нивното здравје, додека 89 отсто се загрижени за ефектот на пластиката врз околината.

Што се однесува до мерките кои граѓаните ги очекуваат од националните и европските власти, 72 отсто сметаат дека нивните влади не прават доволно за животната средина и климата, а 68 отсто сметаат дека ЕУ не прави доволно.

Точно 67 отсто од граѓаните очекуваат мерки за олеснување на рециклажата на пластика, а ист број граѓани сакаат намалување на пластичните амбалажи. Дури 88 отсто сметаат дека облеката што се произведува треба да биде потрајна, а 74 отсто граѓани бараат да се промовира повеќе носењето на веќе користена облека, наместо да се купува нова, 77 отсто сакаат алиштата да се произведуваат со рециклирани материјали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот