Евро 2020 | Група Ф: Ова е навистина „група на смртта“ со актуелен светски, четирикратен светски и актуелен европски шампион

EPA/EFE

Иако на секое натпреварување има „група на смртта“, овој пат на Евро 2020, оваа фраза во целост е вистинита.

Како поинаку може да се нарече група во која се наоѓаат Франција, Португалија, Германија и Унгарија. Станува збор за актуелен светски, актуелен европски и четирикиратен светски шампион кои ќе се борат за првите две места на табелата. Селекцијата на Унгарија е тотален аутсајдер во конкуренција на Франција, Португалија и Германија.

Главен фаворит за освојување на првото место, но и за триумф на Евро 2020 е Франција која делува навистина моќно. Актуелниот светски шампион ќе се обиде да го повтори успехот на славната генерација предводена од Зинедин Зидан и актуелниот селектор Дидие Дешан и да ги обедини двете титули, европски и светски шампион.
Својата моќ Франција ја покажа во квалификациите каде рутунски го освои првото место во групата и единствениот пораз го доживеаја од Турција откако веќе си го обезбедија пласманот на Евро 2020.
Ова ќе биде 10 настап на Европските првенства, а најголемиот успех се двете титули, во 2000 и во 1984 година кога прва ѕвезда беше Мишел Платини.
Според експертите, Франција нема ниту една слаба точка во играта, одбраната со младите фудбалери како Кимпемпе, Павар, Ернандез е стабилна, средниот ред е предводен од Нголо Канте, додека нападот е убиствен. Згора на тоа, во репрезентацијата по пауза од пет години се врати и Карим Бензема кој со Килијан Мбапе ќе претставуваат страв и трепет за противничките одбрани и голмани.


Германија на Евро 2020 за последен пат ќе биде предводена од Јоаким Лев. Селекторот кој на „панцирите“ им ја донесе титулата на СП 2014 година по ова ЕП си заминува од клупата и на неговото место доаѓа Хансо Флик, а Лев ќе се обиде да се прости со титула. Германија заедно со Шпанија се најтрофејни репрезентации на ЕП, имаат по три титули и знаат да победуваат дури и кога не играат добро. Во походот кон титулата ќе им помогнат Томас Милер и Матс Хумелс кои се враќаат во репрезентацијата по тригодишна пауза. Иако не игра добро во последно време, обложувланиците веруваат во Германија и ја сметаат за четврти фаворит за триумф на Евро 2020.


Португалија на Евро 2020 доаѓа како бранител на трофејот, и иако не се сметаат за големи фаворити, никако не смеат да се отпишат. Португалците и на претходното ЕП пред пет години не беа меѓу главните фаворити, но на крајот дојдоа до титулата и се додека во тимот е Кристијано Роналдо никако не смеат да отпишат.
Токму околу Роналдо е најголемиот адут за успех на ЕП, но тука се и играчи како Бруно Фернандеш, Диого Жота, Жоао Феликс, Мутињо, Бернардо Силва кои се гаранција дека никој не смее да ги потцени Португалците.


Во групата Ф, тотален аутсајдер е Унгарија. Одличната млада генерација ја врати Унгарија на Европско првенство по пауза од 40-тина години, но реално, немаат никакви шанси во конкуренција со Франција, Португалија и Германија.
Унгарците ги немаше на големата сцена од 1976 па се до 2016 година кога успеаја дури и да ја поминат групната фаза.
Најголем адут на Унгарија во обидот да изненадат еден од фаворитите е триото од Лајпциг, Петер Гулаши, Вили Орбан и Адам Салаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот