Еве зошто треба да си ги почитувате децата: Тарантино не го дели своето богатство со мајка му

квентин тарантино
ФОТО: EPA-EFE/NEIL HALL

Квентин Тарантино на 12-годишна возраст ветил дека никогаш нема да го подели своето богатство со мајка си бидејќи таа наводно се обидела да ги прекине неговите аспирации за пишување на млада возраст.

Тарантино ја сподели приказната во неодамнешната епизода на подкастот „Моментот“, кога неговата мајка го прекорила за пишување на сценарија во училиште.

Режисерот раскажа дека имал проблеми со наставниците за пишувањето во текот на училишниот ден. „Тие гледаа на тоа како да е пркосен чин на бунт“, рече тој.

„На мајка ми секогаш ѝ беше тешко што не учев“.  Додавајќи дека неговата мајка „ми викаше (за пишувањето), и среде нејзината драма, рече: О, и патем, оваа мала, „писателска кариера“, правејќи наводници со прстите. Оваа мала „писателска кариера“, што ја имаш? Тоа гомно заврши“.

„Кога ми го рече тоа на тој саркастичен начин, ѝ кажав: Добро, госпоѓо, кога ќе станам успешен писател, никогаш нема да видиш ниту еден денар од мојот успех. Нема да има куќа за тебе, одмор за тебе, нема „Кадилак“ за мама. Нема да добиеш ништо. Затоа што го кажа тоа”, продолжи Тарантино.

Кога водителот праша дали Тарантино навистина го исполнил своето ветување, тој потврди: „Да“, објаснувајќи: „Јас ѝ помогнав кога заглави со УЈП. Но, нема „Кадилак“, нема куќа“.

Откако водителот се обиде да сугерира дека мајката на Тарантино го „инспирирала“ за да се докаже, Тарантино одговори: „Вашите зборови имаат последици за вашите деца. Запомнете дека има последици од вашиот саркастичен тон за тоа што нив им е значајно“.

Извор: „Yahoo“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот