Еве како изгледа Скопје, откако Комунална хигиена викендов одмараше

Нема да умреме од корона, туку од нехигиена, беше една од пораките што стигна во нашата редакција, заедно со фотографии од полни контејнери.

Комунална хигиена, уште пред неколку дена објави дека поради полицискиот час за време на викендов, работниците нема да излезат по улиците и да собираат ѓубре. Ние повторно стапивме во контакт со одговорните во претпријатието од каде што информираат дека динамиката на работа ќе се промени.

– Од денес, променета е динамикита на работа, контејнерите ќе се празнат до 21 часот. Уште од 7 часот утринава екипите се на терен, и се работи на празнење на контејнерите. Додека се уште немаме информација дали ќе биде променета динамиката за работа за време на претстојниот викенд, велат од претпријатието.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот