Евакуирани канцелариите во Капитол хил, пронајден е сомнителен пакет

фото Архива

Дел од Претставничкиот дом во Вашингтон, каде се наоѓаат канцеларии, денеска привремено беше евакуиран поради сомнителен пакет.

Полициските службеници од обезбедувањето на зградата истражуваа сомнителен пакет што бил пронајден пред една од салите за состаноци, пренесе весникот „Сан”.

Официјалните лица подоцна изјавија дека сомнителниот предмет е изнесен од зградата и дека Претставничкиот дом е повторно отворен.

Капитол Хил на 6 јануари беше место на големи нереди, кога хулигани упаднаа во Конгресот на САД, по што загинаа пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот