Евакуирани 2.400 луѓе поради пожар во Андалузија

EPA-EFE/USFS/NWCG

Околу 2.400 луѓе се евакуирани поради пожар кој е надвор од контрола во шпанската покраина Андалузија, соопштија денеска властите.

Пожарот избувна во четвртокот на планините во близина на градот Алмонастер ла Реал, на 120 километри северозападно од градот Севиља. Од тогаш се зафатени 90 квадратни километри.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале 24 авиони и еден хеликоптер, со околу 450 лица, вклучувајќи пожарникари и воен персонал за итни случаи.

Дополнителни 70 лица беа евакуирани во саботата поради пожар во Мула, мал град на југоистокот на регионот Мурсија, додека пожарникарите исто така се обидуваат да изгаснат два пожара во западната провинција Ектремадура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот