Евакуиран сервисот на „Порше” во Загреб, подметната бомба во автомобил

Експлозивната направа е веднаш деактивирана, одземена и предадена на вештање.

Евакуиран е сервисот на „Порше” во Загреб, откако наводно била пронајдена бомба во автомобил, објави порталот Индекс.

Медиумот објави дека околу 13 часот била пронајдена наводно импровизирана експлозивна направа во еден од автомобилите, донесен во сервисот на „Порше Интер авто” во Загреб.

Сервисот бил веднаш евакуиран. Полицијата и деминери излегле на терен и при извршената проверка кај тркалото на Порше 911, рент-а-кар возило пронајдена е експлозивната направа.

Таа е веднаш деактивирана, одземена и предадена на вештање.

Полицијата треба да утврди за каква експлозивна направа станува збор и како се нашла во автомобилот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот