Евакуиран персоналот од Амбасадата на САД во Хаити

Бандите создадоа хаос на Хаити - Фотографија ЕПА, Џонсон Сабин

Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста по бунтот на бандите и прогласувањето вонредната состојба.

На Хаити минатата недела беше прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди, кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.

Портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити, ако Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Амбасадата во Порт-о-Пренс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот