Еурофарм Работник реди порази во СЕХА лигата – Слободен печат
РакометСпорт

Еурофарм Работник реди порази во СЕХА лигата

Мешков Брест имаше константно водство, битолчани израмнуваа неколку пати, но без пресврт.

Денеска во својот шести натпревар Еурофарм Работник го претрпе и третиот пораз во низа во регионалното ракометно натпреварување од Мешков Брест со 32:35.

Белорускиот состав кој во неделата загуби во Скопје од Вардар во Лигата на шампионите, вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола им се вратија на победите славејќи против Еурофарм Работник за вкупно трета победа сезонава во СЕХА.

Во текот на мечот гостинската екипа имаше константно водство од самиот почеток на мечот, неколку пати домаќините доаѓаа до израмнување, но безуспешно да направи победнички пресврт.

За битолскиот клуб блескаа Л. Јотиќ со осум голови, два помалку запиша Г. Ојлески, а на спротивната страна 14 погодоци запиша М. Ваилупау.

На табелата во рамките од групата „Б“ на табелата води Веспрем со 15 бодови, пред Мешков Брест со девет, колку што имаат уште ППД Загреб и Еурофарм Работник на третото, односно четвртото место.

Претходно унгарскиот клуб на Веспрем предводен од нашиот интернационалец Манасков триумфираше над Спартак Москва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close