Еурофарм Пелистер домаќин на норвешкиот Колштад, по 18 години ЛШ повторно се игра во Битола

фото: seha-liga.com

Денеска од 18.45 часот актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе го има првиот натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите.

Противник на играчите на Александар Јовиќ во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде норвешката екипа на Колштад.

Стратегот на Еурофарм Пелистер вели дека неговите ракометари се подготвени за предизвиците во елитното европско клупско натпреварување.

Судии на денешниот меч ќе бидат Германците Роберт Шулце и Тобиас Тониес, додека ЕХФ делегат е Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

– Емоцијата може да биде проблем, но може да ти даде и некоја посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колштад. Норвежаните негуваат агресивен и динамичен ракомет. Гостуваат во Битола и ние ќе направиме сè да му ја отежнеме работата. Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се спремиме да ги пробиеме. Ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме. Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претстави Битола – вели пивотот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски.

ЕХФ Лига на шампиони
Група „А“

1. коло, двојки –

Денеска
18.45 часот Еурофарм Пелистер – Колштад
18.45 часот Келце – Алборг

Четврток
18.45 часот Пик Сегед – ПСЖ
18.45 часот ППД Загреб – Кил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот