Еуфорија во Нови Пазар: Адем Љајиќ се врати во клубот од родниот град

Фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Србинот Адем Љајиќ потпишa договор со клубот од неговиот роден град Нови Пазар, објави „Моцартспорт“

Веста е сензационална за навивачите на овој клуб бидејќи Љајиќ е фудбалер со богато интернационално искуство. Тој е поранешен репрезентативец на Србија, а во кариерата собра искуство во клубови како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ, кариерата ја започна во Партизан.

Минатата сезона беше дел од турски Карамгурук, а во Нови Пазар се најавува како најголемото засилување во историјата на овој клуб.

„Навистина специјален и посебен момент за нешиот клуб. Подолго период преговаравме со Адем и сега можеме да го најавиме неговиот трансфер кој треба да биде завршен многу брзо“, изјавиле од српскиот прволигаш.

Најголем дел од кариерата Љајиќ помина во Серија А и постигна 48 голови, додека дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 47 натпревари во кои запиша девет голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот