ЕСМ понуди струја за 17 проценти поскапа од досегашната

Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

„ЕВН хоум“ како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот од први јули до крајот на годината доби само една понуда од АД ЕСМ.

„АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач’, сооопшти „ЕВН хоум“.

Оттаму информира дека за цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот