Ерменскиот претседател крена раце: Се повлекувам, не можам да влијаам врз политиката

Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка.

Во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница, Саркисјан наведува дека таа одлука ја донел поради фактот што „не постојат инструменти за влијание врз внатрешната и надворешната политика“.

Минатата година Саркисјан се најде во несогласување и расправии со премиерот Никола Пашинјан за неколку прашања, вклучително и смената на командантот на вооружените сили.

Ерменија лани влезе во воен судир со соседниот Азербејџан околу спорната област Нагорно Карабах, во кој беше поразена и го загуби присуството и влијанието во областа населена со Ерменци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот