Ерменскиот премиер Пашинјан пред министрите во Владата: Одговорноста за Нагорно-Карабах е моја

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан изјави денеска дека е одговорен за ситуацијата во Нагорно Карабах.

– Живееме во многу тешки времиња, но мора да ги преживееме и да продолжиме да живееме со последиците, рече тој на состанокот на Владата, нагласувајќи дека како премиер на таа земја ја презема целосната одговорност за ситуацијата во Нагорно Карабах, но и дека е одговорен за иднината на земјата, пренесе агенцијата TАСС.

– Внатрешната и надворешната стабилност и безбедноста се апсолутни приоритети, рече Пашинијан, додавајќи дека ерменската Влада мора да го анализира развојот на настаните и „да им ја претстави вистината на луѓето”.

Рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никола Пашинијан на 9 ноември потпишаа договор за целосен прекин на огнот на територијата на Нагорно Карабах, што почна да се применува од 10 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот