Ериксен го напушта Интер: Три клуба испратија понуда за Данецот!

фото: твитер

Кристијан Ериксен пристигна на почетокот на оваа година како големо засилување во Интер од Тотенхем. Од Данецот се очекуваше многу на „Меаца“, но и натаму не ги исполнува очекувањата. Ериксен не е во најдобри односи со тренерот на екипата Антонио Конте, затоа што е незадоволен од минутажата откако го облече дресот на „неро-аѕурите“.

Иако дојде на почетокот на 2020 година, по само една година, најверојатно повторно ќе ја промени средината.

Медиумите во Италија пишуваат дека Интер разгледува понуди за Ерискен, а во игра се три клуба. Интересно е што овие клубови понудија размена на играчи, а калчолигашот од Милан нема ништо против тоа.

Имено, Арсенал го нуди Гранит Џака за Ериксен, додека Манчестер јунајтед го понуди Фред во замена за Данецот. Но, наводно, Ериксен е најблиску до заминување во ПСЖ бидејќи парижаните го понудиле Леандро Паредес, опција која веројатно најмногу му одговара на италијанскиот клуб.

Јасно е дека данскиот интернационалец ќе го напушти Интер во јануари, а останува да видиме во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот