Ердоган: Време е да се разговара за две држави на Кипар

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека е време да се разговара за реалниот предлог за решението за „две држави“ на поделениот остров Кипар.

Тој додал дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.

Ердоган на заедничка конференција за новинарите со претседателот на кипарските Турци, Ерсин Татар во Анкара, рекол дека пристапот на кипарските Грци ги блокирале претходните обиди од пронаоѓање на решение, пренесува Ројтерс.

„Мора да се разбере дека според моменталните параметри не може да се постигне резултат после преговарачкиот процес кој трае повеќе од половина век“, рече Ердоган.

„Во оваа фаза веруваме дека започнување на разговори на основа на федерација ќе биде губење на време. Со тоа веруваме дека решението за две држави сега мора да се изнесе со реален предлог“, додаде турскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот