Ердоган и Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Либија и Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп се осврнаа на ситуацијата во Либија и Сирија, како и за борбата против коронавирусот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

– Денеска имаше телефонски разговор меѓу нашиот претседател и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тие разговараа за меѓусебните односи, како и ситуацијата во регионот, посебно во Либија и Сирија. Потврдено е дека двете земји се обединети во борбата против епидемијата на Ковид-19, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Двајцата лидери, исто така, се согласиле да „поддржат тесна политичка и воена соработка со цел воспоставување мир и стабилност во регионот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот