Ердоган денес ќе прими кинеска вакцина

Реџеп Таип Ердоган ќе биде вакциниран против коронавирусот во живо на телевизија подоцна во текот на денот, потврди портпаролот на неговата Партија на правдата и развојот.

Претседателот на Турција тоа го прави со цел да ги отстрани сите сомнежи за ефективноста на кинеската вакцина што оваа земја ја користи во својата национална програма за имунизација.

„Претседателот Ердоган ќе ја прими вакцината пред телевизиските камери во живо, по средбите со претставници на АКП“, објави портпаролот Омер Челик денес на прес-конференција во Анкара, пренесува британски Гардијан.

Турција денес ја започна својата програма за вакцинација против ковид 19 и според планот, прво ќе ги вакцинира здравствените работници во болниците низ целата земја.

На денешниот почеток на националната програма за вакцинација му претходеше одобрување на турските регулаторни тела за вакцина произведена од кинеската компанија Синовак Биотек

Турција минатиот месец ја доби својата прва пратка од вакцината синовик, која се состоеше од 3 милиони дози, а се очекува земјата да добие вкупно 50 милиони дози на вакцината, за чија ефикасност во моментов се разговара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот