Епл не сака да се воведе универзален полнач за смартфони

Фото Архива

Европските пратеници сметаат дека треба ЕУ да воведе единствен модел за полначи со цел да ги заштити потрошувачите.

Американскиот гигант Епл не сака да се воведе еден единствен полнач за смартфони како што бара Европскиот Парламент.

Европските пратеници сметаат дека треба ЕУ да воведе единствен модел за полначи со цел да ги заштити потрошувачите.

– Преголемата понуда на полначи предизвикува огромни цени за потрошувачите и генерира непотребни еколошки последици, сметаат европратеници и повикуваат итно да се усвои универзална норма на полначи.

Американскиот гигант смета дека универзалниот модел ќе има „негативни последици” бидејќи ќе предизвика проблеми за неговите апарати и корисници и дека непотребно ќе се генерира електронски отпад.

Сепак и покрај интензивното лобирање на Епл, европратениците ја усвоија резолуцијата со 582 гласа „за”, 40 против и 37 воздржани.

Европската Комисија треба во наредните денови да објави студија на оваа тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот