Епилог на скандалот во ЕУ: Еврокомесарот за трговија поднесе оставка

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Еврокомесарот задолжен за трговија Фил Хоган вечерва поднесе оставка заради политички скандал.

Скандалот избил заради неговото присуство на вечера каде биле прекршени мерките за спречување на коронавирусот, потврдил високо позициониран функционер на Европската комисија.

Неговиот портпраол претходно најави дека Хоган денеска ќе поднесе оставка.

Ирскиот комесар Фил Хоган минатата среда во Ирска присуствуваше на вечера која ја организирал локалниот голф клуб, а која заради повеќе од 80 присутни ги прекрши ирските правила за спречување на пандемијата на Ковид-19.

Тој потоа се извини на јавноста, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен побара детален извештај за неговите постапки во дадениот случај.

По оставката на Хоган, Ирска би требала да предложи нов кандидат за комесар, а претседателката на ЕК да му додели ист или друг ресор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот