Епидемиологот Тиодоровиќ ја нарече ситуација во Србија „стабилно лоша“: Олабавување на мерките кога бројките ќе бидат трицифрени

Бранислав Тиодоровиќ
Бранислав Тиодоровиќ/ Фото: youtube/printscreen

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за спречување на ковид-19, Бранислав Тиодоровиќ изјави дека до олабавување на епидемиолошките мерки може да дојде кога бројот на дневни случаи на вирусот ќе биде троцифрен.

Тиодоровиќ за блиц.рс истакна дека во Србија моментно има меѓу 1.600 и 2.000 случаи на дневна основа и оцени дека тоа е висока бројка, а ситуацијата би можела да биде наречена „стабилно лоша“.

– Многу бавно оди опаѓањето отколку што очекувавме, бидејќи минавме доста добро за време на празниците, но нема значителен пад, па ризично ќе биде доколку попуштиме со мерките, наведе Тиодоровиќ.

Тој додаде дека претстојниот фудбалски натпревар меѓу Црвена звезда и Милан „би бил голем поттик за зголемување на заболените, ако се одигра со присуство на гледачи на трибините“.

Олабавувањето на мерките, според Тиодоровиќ, би било пожелно од економски причини, но би ја загрозило актуелната епидемиолошка состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот