ЕП: Македонските надежи ги загубија шансите за опстанок во елитната „А“ дивизија

фото: kfsm.mk

Денеска македонската кошаркарска репрезентација „Под 16“ години на Европското првенство дивизија „А“ во натпревар да се биде или не за опстанок во елитата загуби убедливо од Израел со 48:71.

Најефикасен за нашата репрезентација во овој меч беше Сергеј Петровиќ со 16 поени, два помалку запиша Никола Јаничиќ (шест скокови).

По овој пораз, утре, на последниот ден од шампионатот, нашата кадетска селекција ќе игра за позицијата број 15. А интересно, уште еднаш, ќе се сретне со селекцијата на Белгија од коај бевме подобри на отворање на овој евро-шампионат.

Израел на последниот ден од турнирот во Скопје ќе игра против против Црна Гора за 13 позиција, последната која води кон опстанокот во оваа кадетска конкуренција.

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ
18.30: Италија – Франција (СЦ „Борис Трајковски“)
21.00: Шпанија – Литванија (СЦ „Борис Трајковски“)

ПЛАСМАН (5-8 МЕСТО)
Германија – Грција 79:73
Словенија – Србија 74:72

ЗА ПЛАСМАН (9-12. МЕСТО)

18.30: Полска – Финска (СРЦ „Кале“)
21.00: Летонија – Турција (СРЦ „Кале“)

ЗА ПЛАСМАН (13-16. МЕСТО)

МАКЕДОНИЈА – Израел 48:71
Црна Гора – Белгија 83:70

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот