Енрике и официјално се врати на клупата на Шпанија

Луис Енрике и официјално се врати на клупата на Шпанија, 49-годишниот стратег доаѓа на местото на Роберто Морено. Поранешниот тренер на Селта, Барселона и на Рома се враќа на клупата на репрезентацијата, а Морено кој го наследи Енрике на почетокот од годината, одлично си ја заврши работата и ја однесе репрезентацијата на ЕП.

Сепак, само еден ден откако ја однесе Шпанија на ЕП, Морено доби отказ. Морено веднаш по победата над Романија влегол во соблекувалната и со солзи во очите им кажал на фудбалерите дека е отпуштен.

– Можеме да потврдиме дека Луис Енрике повторно ќе биде селектор на Шпанија. На 19 јуни потпишавме договор со Морено, но ја оставивме вратата отворена за Енрике. Разговарав со Енрике во три наврати по смртта на неговата ќерка. Минатиот месец Морено ми кажа дека Енрика посакува да се врати, што значи дека знаеше што се случува. Тој ја започна приказната, и не знам зашто е изненаден. Ние разговаравме со Енрике и тој ни потврди дека сака да се врати, по што веднаш разговаравме и со Морено но тиј ни кажа дека не сака да остане доколку се врати Луис – изјави Луис Рубијалес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот