Шпанскиот селектор со солзи во очите влегол во соблекувалната: Добив отказ

Морено на клупата на шпанската репрезентација дојде како замена за Луис Енрике кој се повлече од функцијата по смртта на ќерка му, и успеа да ја однесе Шпанија на ново големо натпреварување.

Сепак, по победата над Романија во последното коло од квалификациите, на Морено му е врачен отказ. Според шпанските медиуми, тој влегол во соблекувалната со солзи во очите ни на репрезентативците им соопштил дека добил отказ.

Потоа, одби да се појави на официјалната прес конференција, а за денеска е најавена нова средба со медиумите на која ќе биде претставен новиот селектор, Луис Енрике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот