Енис Барди и натаму во Топ 5 во европските лиги (ФОТО)

фото:твитер

Македонскиот репрезентативец од сезоната 2017/18 се наоѓа на третото место со најмногу постигнати голови од слободен удар во топ 5 најдобрите европски фудбалски лиги.

Нашиот играч ја игра третата сезона во шпанскиот Леванте, блескаше особено во првата сезона каде што со своите фантастични голови од слободни удари го привлече вниманието на цела Европа. Шест му беа од слободен удар од вкупно девет таа дебитантска година.

Зад Енис Барди се француските интернационалци Набил Фекир и Жонатан Шмид кои имаат по пет погодоци на оваа листа.

На второто место е српскиот фудбалер Александар Коларов кој својот осми гол од слободен удар го имаше во петокот во Серија А за својата Рома во триумфот над Фиорентина.

На првата позиција убедливо е најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси од редовите на Барселона со 16 погодоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот