Еминем за најтешкиот период од животот: Моето дно требаше да биде смртта

Instagram

Најпознатиот американски рапер, Еминем, на својот инстаграм-профил сподели фотографија од „значката на трезноста“ и се пофали дека веќе 12 години е чист.

„Чисти 12 години, во книги. Не се плашам“, напиша пејачот под фотографијата.

Раперот отворено разговараше за својата зависност. Откри дека знаел да испие и 30 таблети против болки и 40-60 бензодиазепини за смирување во еден ден.

„Не знам точно во кој момент настана проблемот. Се сеќавам само дека сè повеќе и повеќе ми се допаѓаше“, рече Еминем во документарецот „Како да направиш пари, продавајќи лекови“.

На почетокот на 2000 година му се појавиле проблеми со несоница, за време на продукцијата на филмот „8 милји“, кога работел и по 16 часа дневно. Пријател го „запознал“ со „амбиен“, лек кој им помага на луѓето полесно да заспијат, што му било влез кон другите лекови на рецепт.

Самото дно го допрел во 2007 година кога се предозирал со силни аналгетици и синтетски метадон.

„Докторите ми рекоа дека во себе внесов еквивалент за четири кесички хероин. Два часа подоцна да дојдев во болницата, би бил мртов. Ми откажуваа сите органи, бубрези, црниот дроб, сè. Ме ставаа на дијализа и мислеа дека нема да преживеам. Моето дно требаше да биде смртта“, раскажа Еминем за „Њујорк тајмс“ во 2010 година.

Тогаш се зарекол дека веќе никогаш нема да допре дрога, но патот до опоравувањето му бил тежок.

Се откажал од дрогата сфаќајќи дека сака да биде во близина на своите деца додека тие раснат.

Ментор му станал Елтон Џон, кој еднаш или двапати неделно го проверувал за да се увери дека со раперот е сè во ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот