Елмас од првата минута на „Енфилд“ против Ливерпул

facebook.com/SSCNapoli/

Елиф Елмас ќе биде првиот тим на Наполи кој вечерва му гостува на Ливерпул во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите. Тренерот Карло Анчелоти одлучи да му даде шанса на Елмас да биде во првиот тим како замена за Лоренцо Инсиње кој не е во комбинација за настап на тешкото гостување на „Енфилд“.

Ова ќе биде втор натпревар во низа на кој македонскиот репрезентативец е во првиот тим, по дербито против Милан во саботата.

На спротивната страна, тренерот на европскиот шампион. Јирген Клоп има причини за задоволство бидејќи Мохамед Салах ја залечи повредата и се враќа во првиот тим на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот