Елмас: Не се плашам од Роналдо и Јувентус

Македонскиот репрезентативец денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на Наполи.  Елмас во Наполи пристигна од Фенербахче за сума од 16 милиони евра плус бонуси, а по потпишувањето на петгодишниот договор, денеска го избра и бројот со кој ќе настапува за вицешампионот на Серија А. Младиот фудбалер се одлучи за необичен голмански број, 12.

– Пресреќен сум што дојдов во Наполи и веќе се чувствувам како дома. Прекрасно сум примен и од осиграчите и од тренерите и за мене ова е сон. Ќе направам сѐ што ќе побара Анчелоти од мене, веќе два дена сум тука но рано е да разговараме за тактиката, но за мене и остварување на сонот да се работи со Анчелоти и да научам што повеќе од овој врвен тренер. Неговиот телефонски повик можеби беше и клучен за одлуката да дојдам тука – изјави Елмас на претставувањето како нов член на Наполи.

Младиот фудбалер е изненаден од топлиот пречек од навивачите на Наполи кои не го криеја воодушевувањето од ангажманот на македонскиот репрезентативец кој доби совети и од првиот Македонец кој настапи за Наполи, Горан Пандев.

– Топлото добредојде од навивачи веќе го чувствувам околу мене. Сакам да им возвратам за довербата и тоа со добри игри. Можам да играм на многу позиции, секаде се чувствувам добро, но која ќе биде мојата позиција ќе зависи од тренерот.  Подготвен сум да го дадам најдоброто од себе.Зборував со Пандев и тој ми рече да го ценам дресот. Исто така ми кажа да ги поддржувам соиграчите и дека Наполи е добар клуб за мене – вели Елмас.

Македонскиот бисер со доаѓањето во Наполи ќе добие можност да игра и против еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо и неговиот Јувентус .

– Знам дека ривалството на Наполио и Јувентус  е исто како Фенербахче и Галатасарај. Двата тима се многу силни и не очекуваат големи дуели против нив, но ќе видиме што ќе се случи. Роналдо во светскиот фудбал има голема тежина, но за мене тоа ништо не значи. Не ме плашат ниту Роналдо ниту Јувентус – самоуверен е Елмас.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот