Трансферот е готов, утре доаѓа Елмас во Наполи (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Трансферот е готов, утре доаѓа Елмас во Наполи (ФОТО)

Сите со нетрпение го очекуваме најновото летно засилување на Наполи, Елиф Елмас наскоро треба да биде промовиран во клубот од „Сан Паоло“.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го напушти Фенербахче, а за 16 милиони евра плус бонуси летово ќе направи трансфер во Наполи.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, потврди дека трансферот на Елмас е готов, односно успешно биле завршени сите детали.

Информира воедно дека за вторник (23 јули) е најавено доаѓањето на нашиот играч кој што најпрвин треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално го потпише договорот со „наполитанците“.

Неговиот агент Георге Гарди исто така рече дека преговорите биле макотрпни, бидејќи и други големи клубови беа во трка за потписот на „Дијамантот“.

Тренерот Карло Анчелоти изјави за италијанските медиуми дека го очекува доаѓањето на Елмас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close