Анчелоти: Елмас е многу интересен фудбалер!

EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Анчелоти во интервјуто за „ТВ Луна“ потврди дека „наполитанците“ се многу блиску до договор со нашиот играч Елмас кој се збогуваше со својот досегашен клуб Фенербахче.

– Многу сме блиску до доаѓањето на Елмас и се надевам дека тоа брзо ќе се случи. Тој е еден многу интересен играч, ги комплетираме завршните детали, се надеваме дека ќе пристигне тука со нас пред да го напуштиме Димаро (база каде што течат летните подготовки на клубот) – се зборовите на Анчелоти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас би требало в понеделник да пристигне во Неапол, во вторник бидат и лекарските прегледи, а веднаш потоа и потпишувањето на договорот.

Исто така, стратегот ја повторно уште еднаш големата желба да се ангажира и колумбиската ѕвезда Хамес Родригез кој беше член на Реал Мадрид, а потоа пратен на позајмица во Баерн Минхен.

Исто така Анчелоти го преферира и напаѓачот на францускиот клуб Лил, играчот од Брегот на слоновата коска, Николас Пепе.

– Манолас е веќе со нас. Разбирам дека фановите се возбудени за големи имиња, тука можеме да го спомнеме Пепе. Наполи може да стигне до секој фудбалер, а потоа зависи од многу фактори. Ништо не е невозможно – додаде тренерот на Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот