Елмас наскоро добива нов тренер, три имиња во игра за наследник на Гатузо

твитер

Во италијанскиот тим ги бројат деновите кога ќе му биде врачен отказ на тренерот Џенаро Гатузо.

Џенаро Гатузо кон крајот на минатата година седна на клупата на Наполи на местото на Карло Анчелоти, но во управата воопшто не се задоволни од работата на поранешниот италијански репрезентативец.

Претседателот Аурелио де Лаурентис, се надеваше дека смената на тренерите ќе ја раздрма екипата која конечно ќе почне да победува во серија и ќе се врати на врвот на табелата.

„Во Наполи сериозно размислуваат во јуни да не го продолжат договорот со Гатузо. Газдата Де Лаурентис веќе бара негова замена“, пишуваат италијанските медиуми.

Сепак, одреден дел од медиумите сметаат дека можно е Гатузо и да не го дочека крајот на сезоната доколку Наполи продолжи со слабите игри. Тимот за кој игра и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, освојува помалку бодови, постигнува помалку голови, а прима повеќе од времето кога на клупата седеше Карло Анчелоти.

Де Лаурентис е свесен дека погреши што му врачи отказ на Анчелоти, но веќе активно бара замена и за Гатузо и на списокот има три имиња.

Како главен фаворит се споменува Џан Пјеро Гасперини од Аталанта, поранешниот тренер на Рома и на Зенит, Лучано Спалети и Иван Јуриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот