Елмас и Пандев ќе играат против Косово, нивните тестови на корона се негативни

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски може да здивне пред натпреварот против Косово бидејќи ќе може да смета и капитенот Горан Пандев и на Елиф Елмас.

Причина за неизвесност и главоболки кај селекторот но и кај македонската јавност дадоа информациите дека по неделниот натпревар помеѓу Наполи и Џенова во Серија А, дури 14 фудбалер на тимот на Пандев се позитивни на коронавирус.

Џенова потврди 14 случаи на коронавирус, нема нов прекин на Серија А!

Сепак, тестовите покажаа дека Пандев не е помеѓу заразените фудбалери, додека Наполи објави дека сите фудбалери се нагативни на ковид-19.


Ова значи дека и Пандев и Елмас ќе можат да настапат на полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на Нации против Косово. Натпреварот ќе се одигра на 8. октомври на Националната Арена „Тодор Проески“, а влогот е пласман на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година.

Победникот од дуелот Македонија – Косово во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Грузија и Белорусија и најдобриот тим ќе игреа на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот