Џенова потврди 14 случаи на коронавирус, нема нов прекин на Серија А!

epa08581040 Genoa?s Cristian Romero (2-L) celebrates with teammates after scoring during the Italian Serie A soccer match Genoa CFC vs Hellas Verona FC at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 02 August 2020. EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Поради денешниот најнов податок на италијанскиот фудбалски клуб Џенова дека 14 нејзини членови се позитивни на ковид-19, од италијанското Министерство за здравје повикаа на прекин на најсилното италијанско првенство.

Конкретно, тоа го направи заменик генералниот секретар, Сандра Зампа. Да потсетиме, 14 члена на Џенова беа позитивни (меѓу нив не е македонскиот репрезентативец Горан Пандев) по неделниот натпревар против Наполи и сега ги чекаат наодите на играчите на тимот од Неапол во чии редови е нашиот Елиф Елмас.

Одлуката за прекин на натпреварувањето може да ја донесат само клубовите и федерацијата.

За разлика од Зампа, министерот за спорт Винченцо Спадафора барем засега ја отфрли можноста за прекин на Серија А.

– Мислам дека шампионатот сè уште може да се игра според протокол – рече Спадафора.

Зампа исто така потврди дека одлуката за прекин на шампионатот можат да ја донесат само клубовите и федерацијата.

– Тие ќе одлучат за судбината на лигата. Или екипите кои не можат да играат ќе ги надополнат натпреварите или ќе ги предадат – вели Зампа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот