Елена Ристеска имала објавено фотка со новото момче уште на 12 јули, ама никој не забележал (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Главна вест денеска во таблоидните медиуми е новото момче на популарната пејачка Елена Ристеска, скопјанецот Филип Арсовски со кого таа е во љубовна врска веќе неколку месеци.

Нивната дружба може да се забележи и на инстаграм-профилите на двајцата. Елена уште на 12 јули има објавено фотографија со неколкумина пријатели, а меѓу нив и Филип во позадина.

Се разбира, до тогаш освен најблиските пријатели на Елена, никој не знаел дека пејачката е во „комбинација“ со Филип.

Фотографијата е од една позната плажа во Грција, каде Елена и Филип честопати се случувало да отпатуваат заедно со цел да не бидат видени од домашната јавност.

И на профилот на Филип се наоѓа една фотографија од нив двајца објавена на 28 август во Грција.

Дали Ристеска ќе имаме прилика да ја видиме повторно во бел фустан, останува времето да покаже…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот