Елена Ристеска го „фати“ најпосакуваниот скопјанец: „Коцки“ на стомак и тетоважи – девојките лудуваат по него (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Филип Арсовски, новото момче на познатата пејачка Елена Ристеска важи за еден од најпосакуваните ергени во нашата метропола.

Девојките буквално кубат коси по него, а доста е популарен и на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотографии од себе.

Филип споделува фотки на кои позира како вежба, а во преден план секогаш е мускулестото тело и тетоважите кои ги има во значителен број.

Инаку за врската на Филип и Елена не престанува да се зборува. Двајцата се топ-тема низ градските кулоари, а нивни заеднички пријатели велат дека двајцата се заљубени до уши.

– Сега многу им олесна и на двајцата откако објавија во сите медиуми. Повеќе немаат причина да се кријат. Елена не ја препознавам, заљубена е како никогаш до сега, а ја знам повеќе од 10 години – вели изворот кој сакаше да остане анонимен.

Веруваме дека многу девојки сега и завидуваат на Ристеска, но редно време беше и таа да се заљуби…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот