ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ со закон се забрануваат во Албанија – Слободен печат
ВестиРегион

ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ со закон се забрануваат во Албанија

Со предложените измени, веќе нема да се дозволи продажба на отворен тутун и кутии со редуциран број цигари.

Известувајќи за 4.000 смртни случаи годишно од пушење цигари, министерката за здравство на Албанија, Огерта Манастирлиу, најави нови мерки за пушачите и производителите на цигари.

Во предложениот нацрт, покрај класичниот и електронскиот тутун, влегува и тој со вкусот. Со предложените измени, веќе нема да се дозволи продажба на отворен тутун и кутии со редуциран број цигари.

Со донесувањето на новиот закон, во нова собраниска седница, се предлага забрана за користење на електронски цигари во затворени простории.

Иако не постои научен доказ за ова, како што самата министерка признава, сепак потрошувачите ќе бидат казнети доколу се фатат со електронски цигари и со „шиша“ тутун во затворени простории.

Според Министерството, предлогот за тутун со вкус се очекува да стапи на сила по 4 години, а за другите веднаш по усвојувањето во Собранието, пренесува Визион плус.

Додека од следната година, се предвидува продажбата на тутунот да биде во лиценцирани места, а не по маркети или продавници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close