Експретседателот на Киргистан за денешниот инцидент: Јас пукав во припадници на специјалните сили

Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Експретседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, призна дека пукал кон припадниците на специјалните сили кои се упатиле кон неговата резиденција, во инцидентот кој се случи порано денеска.

„Моите приврзаници немаа оружје. Јас бев тој што пукаше за време на нападот“, им рече Атамбаев на новинарите, посочувајќи дека тој немал намера да погоди никого, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека сакал да помогне во ослободување на припадниците на специјалните сили „Алфа“, кои ги заробиле неговите приврзаници и кои се наоѓаат во притвор во неговата резиденција во селото Кои Таш.

Киргистанските специјални сили вчера почнаа операција за апсење на Атамбаев, осомничен за корупција, но неговите приврзаници се спротивставија, при што еден припадник на специјалните сили загина и 52 лица се повредени, меѓу кои и новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот