Хаос во Киргистан: Судир меѓу специјалци и приврзаници на експретседателот

Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Во судири меѓу приврзаници на експретседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбев и специјалните единици, биле повредени вкупно 52 лица, информираше Министерството за здравство на Киргистан.

„Бројот на оние кои побарале медицинска помош порасна на 52, од кои 20 се хоспитализирани. Уште 11 лица се згрижени во медицинскиот центар за специјални единици“ се наведува во соопштението на Министерството.

До судирите дошло кога специјалните сили на киргистанскиот Комитет за национална безбедност се обиделе да го уапсат Атамбаев во неговата вила во селото Кои Таш.

Приврзаниците на Атамбаев кои ја чувале вилата, успеале да вратат на нападот и да ги разоружаат специјалните единици и дури да уапсат шестмина од нив, по што дошле уште поголем број припадници на специјалните единици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот