Експлозија во хемиска фабрика во Шпанија, загрозени 300.000 луѓе (ВИДЕО)

„Ел Паис“ јавува дека повредени се најмалку четири лица, а „Ел Мундо“ додава дека најмалку едно од четирите лица е тешко повредено.

Во хемиска фабрика во Тарагона во Шпанија попладнево се случи експлозија и пожар. Каталонската цивилна заштита му порача на локалното население да остане на затворено и да не излегува на улица.

„Ел Паис“ јавува дека повредени се најмалку четири лица, а „Ел Мундо“ додава дека најмалку едно од четирите лица е тешко повредено.

Властите прогласиле и вонредна состојба поради, како што рекле, „хемискиот инцидент“.

Локалните шпански медиуми пренесуваат дека тие бараат од жителите на Тарагона, Салу, Виласека, Реус, Константи, Ел Морело и Ла Каноња, а вкупно станува збор за 300.000 луѓе.

Пожарникарите, според првите информации, јавуваат дека станува збор за експлозија на пропилен.

На терен се излезени девет пожарникарски екипи, а пожарот го гасат и десет авиони канадери. Пожарникарите собираат информации за материјалите кои се наоѓале во фабриката во моментот на избивање на пожарот, за да можат што поефикасно да го изгасат огнот.

 

Запрен е и железничкиот сообраќај, кој поминува на тие места.

Од друга страна, според пишувањата на „Ел Мундо“, фабриката во којашто се случила експлоизијата во Шпанија работи со етилен-оксид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот