Eкс играчот на Барса, Бабунски моќно и експлозивно од својот карантин! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој годинава потпиша за романски клуб со сериозни физички вежби се подготвува за наредните предизвици.

Голем број на спортски натпреварувања се одложуваат, прекинуваат, а во последно време и се откажуваат поради пандемијата на коронавирусот.

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, луѓето ширум светот, вклучувајќи ги и спортистите се наоѓаат во домашна изолација, карантин.

Помеѓу нив е и македонскиот фудбалер кој своевремено ги бранеше боите на шпанскиот гигант Барселона.

Давид Бабунски (26) објави видео на Јутјуб под името „Моќ и експлозивност“ со сериозни физички вежби во пресрет на наредните предизвици.

На клупски план беше дел од Барса од 2013 до 2016 година, потоа се пресели во Црвена Звезда, беше дел од јапонските екипи Јокохама Ф. Маринос и Омија Ардија, а минатиот месец се врати на европско тло поточно во редовите на романскиот Ботошани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот