Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Рускиот производител на никел „Норилск никел” денеска соопшти дека од неговиот цевковод на Арктикот истекле околу 45 тони гориво.

Инцидентот се случил кога дошло до пад на притисокот во цевководот за впумпување на гориво во околината на населбата Тухард.

„Норилск никел” наведе дека е затворен цевководот и се собира излеаното гориво, но оти нема опасност по здравјето на луѓето.

„Норилск никел” беше одговорна за инцидентот кон крајот на мај, кога 21.000 тони нафта од електраната протекоа во океанот. Компанијата исто така призна дека исфрлила илјадници тони високо токсичен течен отпад во реките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот