Екипата на Црвен крст Охрид грубо избркана од спортската сала „Билјанини извори“

Екипа на Црвен крст Охрид, која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид била повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала „Билјанини извори“, денес била грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид.

– Почитувани сограѓани,

Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 4.5.2021 г., во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид, која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид.

За жал, и овојпат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против ковид-19.

Нашите волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација против ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид, се вели во Фејсбук објавата на Црвен крст Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот