ЕФСА предупредува да се внимава на бактериите во суровото кравјо млеко

Фото: Unsplash

Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) предупредува дека бактериите во суровото млеко можат да предизвикаат голем број сериозни болести. Салмонела, Кампoпилобактер, Ешерихија коли, се некои од особено опасните бактерии кои лесно можат да се најдат во сировото млеко, а особено ги погодуваат децата, постарата популација и луѓето со послаб имунолошки систем, наведува ЕФСА.

Според експертите, процесот на пастеризација и термичка обработка уништува голем број бактерии, пренесува „Пословни дневник“. Без разлика, ЕУ бара суровото млеко што доаѓа во млекарниците за преработка да биде со беспрекорен квалитет, што дополнително ги намалува ризиците и го продолжува рокот на траење на млечните производи. Како што е наведено, бројот на бактерии заедно со бројот на соматски клетки, е најважната карактеристика што го одредува квалитетот на суровото млеко. Според стандардите на ЕУ, бројот на бактерии мора да биде под 100.000 на милилитар.

Но, некои соседни земји, како Црна Гора, и покрај долгогодишните напори да се усогласат со европските регулативи и дарежливите стимулации од државната каса, сè уште имаат проблеми бидејќи, во просек, примероците од сурово млеко содржат и до шест пати повеќе бактерии од дозволеното, наведува овој портал, повикувајќи се на Извештајот за спроведување на Националната програма за подобрување на квалитетот на суровото млеко од ноември 2023 година на тамошното Министерство за земјоделство. Како што изјави за „Политика“ добро упатен извор, српските млекопроизводители по сила на околностите, т.е. екстремно строгите барања на особено големите индустрии, успеале да стигнат до европските регулативи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот