Ефес последен патник на кошаркарскиот Ф4

фото: Euroleague.net

Турскиот Анадолу Ефес со победата над Барселона  обезбеди пласман на завршниот фајналфор турнир кој ќе се игра во Виторија, Шпанија. Ефес во одлучувачкиот петти натпревар ја совлада Барселона со 80:71 и во полуфиналето на кошаркарската Евролига ќе игра против градскиот ривал, Фенербахче.

Шпанскиот тим подобро го започна натпреварот, одигра одлична прва четвртина и обезбеди пет поени предност (23-28), но Ефес одговорот на Ефес дојде до втората чертвртина кога дојде до пресврт и на одмор замина со позитива од пет поени (47-42). До самиот крај, турскиот тим имаше контрола на резултатот и успеа да триумфира.

Шејн Ларкин и Адриен Морман со по 18 постигнати поени беа најефикасни во составот на Анадолу Ефес, додека кај Барселона, се истакнаа Крис Синглтон и Томас Хуертел со по 12 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот