13 C
Скопје

Едштадлер: Раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија во пристапниот процес кон ЕУ може да биде ризично и треба да се спречи

Сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер смета дека Северна Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон Европската унија. Раздвојувањето на двете земји во тој процес, вели таа, може да биде ризично и тоа треба да се спречи.

– Ние сакаме Албанија и Северна Македонија заеднички да добијат реална перспектива во Европската унија. Ние сме на мислење дека ќе биде ризично и во секој случај ќе треба да се спречи овие две земји во овој прцес да ги разделиме. „Леавинг но оне бехинд” или неоставањето никој назад во преговорите ќе треба да остане како девиза, рече министерката Едштадлер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Затоа таа се надева дека прашањето со Бугарија ќе биде надминато.

– Се надевам дека, исто така, Северна Македонија ќе остане конструктивна и активна и ќе влијае проблемот да се реши да се дојде до меѓувладина конференција за двете земји, истакна австриската министерка за Европа и Устав.

Вицепремиерот Димитров вели дека ставот за нераздвојувањето на двете земји во пристапниот процес е став на многу земји членки на Унијата.

– Како што сега го чувме ставот на Австрија, вчера имавме прилика да го чуеме и ставот на Германија преку министерот Хајко Мас, а пред неколку дена го имавме и словачкиот претставник во ГАК со истот став. Мислам дека огромно мнозинство земји членки имаат став дека двете земји ги исполнуваат условите и оти е крајно време да имаме две меѓувладини конференции и за Северна Македонија и за Албанија, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања одговарајќи на истото прашање.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар